|

Берза на винили во Прилеп

Сподели на:

Во Прилеп за првпат се организира берза на винили. Идејата е на Блаже Томески – Биџо. На настанот се купуваа винили кои се ретки и барани од љубителите на музиката.

Тоа беше можност за уживање и за продавачот кој е вљубеник во винили и одличен познавач на музиката и за купувачот за кој не е само обичен пазар, на ти – дај ми. Прилеп има пасионирани колекционери на винили. Во Прилеп се враќа интересот за плочите, привлекувајќи ги и младите кои никогаш не слушале музика од винил плочи, ниту од аудиокасети и цедеа. Настанот се одржа на 3 септември, од 12 до 18 часот во Таверна клубот. Имаше и забавен дел каде неколку диџеи беа задолжени.

Сподели на:

Слични Објави