Светска недела на детето

Сподели на:

„Човештвото им должи на децата сѐ најдобро што може да им се даде“! Првата седмица од октомври е посветена како „Светска недела на детето“. Со низа активности и едукативни работилници, образовните институции во општина Прилеп ја одбележуваат оваа недела.

Градоначалникот Јовчески изјави:

Денес заедно со претседателот и советниците од Советот на Општина Прилеп, ја посетивме градинката „Мирче Ацев“ во населбата Вишне, каде што нашите најмили заедно со своите негувателки и воспитувачки ни го задржаа вниманието и ги предизвикаа нашите насмевки со прекрасна ликовна активност на тема: „Боите околу нас“. Ова се денови кога не смееме да заборавиме дека градинката е нивниот втор дом. Локалната самоуправа продолжува со максимална поддршка во насока на подобрување на условите во сите општински образовни институции.

Сподели на:

Слични Објави