Комисијата за заштита од заразни болести одлучи: Се укинува мерката за носење маски во училиштата, во кафеана ќе се оди без сертификат за вакцинација
Комисијата за заразни болести ќе и препорача на Владата да го укине задолжителното носење на маски во училиштата во основното образование. Средношколците и натаму ќе останат под маски. Покрај оваа одлука, донесен е и предлог за укинување на обврската за поседување вакцинален сертификат во угостителските објекти.