Полицијата влезе на Онкологија, приведен поранешен директор Н.В.
Полициски екипи утрово влегле на клиниката за Онкологија во Скопје. Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме, велат од ОЈО за Сител.
Очевидци на случувањата пред Онкологија велат дека во 08:30 часот полициски службеници со лисици на рацете го изнеле еден од поранешните директори на Клиниката.Со постапката според неофицијални информации на ТВ Сител опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор.
Како што дознава пак, Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.