Повеќекратно убиство во Македонија

Сподели на:

Најмалку три лица денеска се застрелани, а двајца од нив починале.

Од СВР Куманово и МВР потврдуваат дека има таков крвав настан и најавуваат повеќе информации.

Првично потврдуваат дека инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш каде 66-годишен маж ја застрелал неговата сестра и двајцата нејзини синови односно негови внуци.

63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница.

Напаѓачот е уапсен. Првични информаци се дека станува збор за нерасчистени имотно-правни односи.

Сподели на:

Слични Објави