Златески: Дали Ковачевски ги праша тутунарите колку чини производството на килограм тутун?
После вчерашната средба на Ковачевски со тутунопроизводителите во Прилеп, со прес-конференција на Никола Златески член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп изјави:
Почитувани, Без трошка срам, вчера самопрогласениот некогашен премиер Димитар Ковачевски одржа средба со тутунопроизводителите, на која било истакнато дека СДС го вреднувале трудот на земјоделците и тутунопроизводителите. Каква иронија и апсурд. Наместо да се фалат за некаква си рекордно највисока откупна цена од 365 денари по килограм тутун, дали ги прашаа тутунарите колку чини производството на килограм тутун? Дали ги прашаа тутунарите, колку изнесуваат репроматеријалите за производство во време кога поради неспособноста на владата да се справи со рекордно високата инфлацијата производството на тутун достигна цена од речиси 300 денари по килограм, а тутунарите беа оставени на милост и немилост?
Колку за споредба, во време на ВМРО-ДПМНЕ годишно се произведуваше и по 34 милиони килограм тутун, за оваа година годишното произодство да е речиси 3 пати помало, односно 13 милиони килограм тутун. Најдобро за катастрофалните политики и негрижата на СДС за тутунарите говори токму овој податок. Досега најниско и најмизерно ниво на производство како директен резултат на неспособноста на СДС и Ковачевски. Ако порано килограм тутун вредеше колку килограм биено сирење, овој пат, сирењето вреди речиси двојно повеќе. За жал, не се уништува само тутунопроизводсвтото, кое е бренд по кој е препознатлив нашиот град, туку свесно се уништува и Тутунскиот комбинат преку непотребни вработувања на партиски послушници, што ќе произведе далекусежни последици.Почитувани, владата на СДС и ДУИ е се’ освен земјоделска влада, како што вчера се декларирале самите. Нивниот интерес се криминалот, корупцијата, масовниот грабеж врз грбот и маката на граѓаните. Никогаш не било полошо. Народот бара промени. После поразот на СДС и ДУИ доаѓа сериозна Влада која што сериозно ќе работи на враќање на достоинството на сите земјоделци во Република Македонија.