ВМРО-ДПМНЕ најави голем народен митинг на 4-ти април: „Да порачаме дека народот е посилен од власта“

Сподели на:

Со голем народен митинг во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне својата предизборна кампања. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, најави дека на 4-ти април, голем митинг ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски исто така упати покана до прилепчани да учествуваат на големиот митинг во Скопје.

Почитувани сограѓани, Чест ми е да ве поканам на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на 4ти април по повод започнувањето на кампањата за претседателските избори.Очекувам да бидете дел од големата победа на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова за Претседател на Република Македонија!Организиран превоз, тргнување 04.04.2024 година 16 часот пред Палма Шоп Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави