82 години од смртта на Орде Чопела
Денес се навршуваат 82 години од смртта на Јордан Орде Чопела. Македонскиот народен херој Орде Чопела бил смртно ранет од бугарската фашистичка полиција на 8 април 1942 година, откако бил предаден. Починал следниот ден 9 април.
По повод чествување на Патрон- херојот Орде Чопела денеска во средното училиште се одржаа : Спортски натпревари во одбојка помеѓу средните училишта во градот, како и Литературно читање во кое учество зедоа ученици -љубители на убавиот пишан збор. Исто така се полагаше и свежо цвеќе на спомен обележјето во училиштето.