Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачи пензиите за 5.000 денари на сите пензионери
Денеска сме во Гази Баба каде што ќе имаме повеќе средби. Во моментот привршуваме со прекрасна средба со пензионери каде што можевме да ги слушнеме постарите и повозрасни лица каде навистина е тешко да се слушаат тие емоции од нивна страна бидејќи навистина со мали пензии, недоволно средства тешко е да се живее. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за многу скоро време после 8 мај, ќе започне со проект кој го ветуваме на сите пензионери, а тоа е зголемена пензија линеарно за 5.000 денари на сите пензионери, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборнат единица 2 Владо Мисајловски.