Таравари: Наредна недела ќе има договор за нова влада

Сподели на:

Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.– Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на Владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер. Ние како претседатели на партии сме имале две средби, понатаму интензивно работат работните групи, се надевам до понеделник ќе излеземе со заедничка програма, а до петок ќе имаме завршен договор меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, практично договор за нова влада, изјави Таравари.

Тој испрати и порака до претседателот на Управниот суд кого јавно го посочи дека вршел притисок врз судиите при одлучувањето во предметите поврзани со изборните нерегуларности.– Јас би му испратил порака на претседателот на судот да размисли дека не е убаво да се врши притисок врз судиите. Времето кога можеа да вршат притисоци веќе помина и ќе има нова влада којашто нема да дозволува вакви притисоци врз одлуките, рече Таравари и појасни дека судот треба да донесе правична одлука.

Сподели на:

Слични Објави