Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти, со владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе профункционира системот
Ова е голем ден, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада, а голем ден и затоа што после толку години борба ќе имаме прилика да докажеме дека не сме сите исти. Досегашната власт ја користеше апатијата на македонските граѓани дека сите се исти, но ниту сме, ниту сме биле, ниту ќе бидеме исти, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница за избор на новата влада.
Ристески истакна дека додека ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на Македонија и нашите граѓани, а минатата власт во континуитет гласаше национални предавства, поддршка на криминал, корупција и не бираа средства што се ќе прифатат да останат на власт.
– ВМРО-ДПМНЕ направи политичка програма, Платформа 1198 која ќе се преслика во програмата на влада, а таа гарантира целосно функционирање на системот, институциите, заштита на македонските интереси, квалитетно образование, функционален здравствен систем. Оваа програма гарантира и дека ќе отвори вистинска борба против криминалот и корупцијата, подобрување на економијата и благосостојба на граѓаните. сето ова ќе значи вистинско, а не само декларативно добилижување до европските вредности. Европската интеграција на државата ќе ја ставиме на брз колосек. Во Европа, горди, чесни достоинствени како Македонци, потенцираше Ристески.
Ристески посочи дека посебен акцент се става на консолидирање на правосудниот систем кој минатата власт го уништи.– Приоритет ќе биде право и правда за сите. за почеток распуштање на Судскиот совет и совет на јавни обвинители, бидејќи ваквиот правосуден систем е генератор на корупција, досега функционираше на елитата на власт, сервис кој ги штитеше и им овозможи да ги крадат народните пари, изјави Ристески.
Ристески осврнувајќи се и на останатото во програмата нагласи дека ќе се покачат пензиите за 5000 денари линеарно уште во првата година, ќе се одвојува по 1 денар од цената на нафтените деривати за култура, спорт наука, а тоа се околу 50 милиони евра.