Алексоски нов советник во Советот на општина Прилеп
Советниците на денешната 47 седница на Советот на Општина Прилеп на дневен ред ја донесоа одлуката за престанок на мандат на член во Советот на општина Прилеп и одлуката за верификација на мандат на нов член во Советот на Општина Прилеп.
Промената е направена поради преземањето на функцијата директор на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ – Прилеп од страна на Кире Јоноски, од редовите на владејачката советничка група на ВМРО – ДПМНЕ, и неговата поднесена оставка за советничкиот мандат, а на негово место е верификуван мандатот на Александар Алексоски, кој беше следен според советничката листа на од локалните избори во 2021 година.
Алексоски е дипломиран економист кој работи како супервизор на производство во компанијата “Гентерм”.