Утре Ден на жалост во Прилеп
На денешната седница на Совет на Општина Прилеп утрешниот ден се прогласи за Ден на жалост во Општина Прилеп поради смртта на тројцата здравствени работници утрово.
O Д Л У К А за прогласување Ден на жалост во Општина Прилеп
Член 1 Петок 04.10.2024 година, се прогласува за Ден на жалост во Општина Прилеп, по повод трагичната смрт на тројцата наши сограѓани, Прим. д-р Александар Ристески – врвниот македонски радиолог, спец. д-р Никола Василески-гинеколог и Фанче Јованоска-радиолошки технолог, кои ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава.
Член 2 На Денот на жалост знамињата во Општина Прилеп ќе бидат истакнати на половина копје. Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат. Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Прилеп ќе емитуваат сериозна музика.
Член 3 Ова одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Прилеп“.