Одбележување на 11 Октомври- Ден на народното востание, владини делегации ќе положат свежо цвеќе
Од Владата информираат дека утре 11.10.2024 година (петок) по повод 11 Октомври – Ден на народното востание, владини делегации ќе положат свежо цвеќе на следните локации:
Владина делегација во состав за Прилеп:Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање
Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, ќе присуствуваат на положување цвеќе во Прилеп пред Споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могила на непобедените во 09:30 часот.