Колумна на Гоце Љ. Марков: Силувана Македонија
Силувана Македонија
Пишува: Гоце Марков
Во пет и пол века не ти била до толку избербатена мислата, совеста и разумот како во последниве триесетина години. Јас не сум видел досега Народ кој од готово си прави вересија и од држава создава Територија наместо обратно!? Како оваа власт сега, која воопшто не е заинтересирана за иднината на Македонците, за македонскиот идентитет и македонскиот геном! Многу поважна е поентата коруптивно работење на високи државни структури кои користејќи ги своите позиции, остварувале финансии, испрани и без флеки и дамки по ивиците на банкнотите, а вие продолжете со вашите патриотски говори! Се трупаат како бродови, се полнат користејќи ја и последната дакика на безвластието на Власта. Странски компании замешани бегаат како ѓавол од темјан, девастирано и руинирано здравство заболено од најтешкиот канцер, наместените тендери и лекови кои наместо да лечат пополнуваат позитивна дупка на белата листа, италијански Македонци или македонски Италијанци пржат вистина на масло, рекетари на секое ќоше, некои по теркот на високата школа на Л.В.,но и еден куп бајадери од политичкиот шлаг кои бегаат да не бидат изедени од странските апетити. И види колку било лесно, ако немаш пари да платиш, ќе ти најдеме лихвар па ќе заглавиш двојно. Да му се одмили животот на човека кога знае дека на крај на месец треба да си плати за воздухот кој го дише, за да биде заштитен од чавките и гавраните кои уринираат и какаат одозгора и на крај пак да има мирен сон. Еее, сонот пак затоа се плаќа најскапо! Обичниот, оној мирниот сон наречен ноќен одмор. А оној другиот, сонот на младите, тој веќе станува јаве и тие луѓе будно сонуваат за други подалечни места, подалеку од местото на силувањето…а паралелно со сите процеси и истиот си го исполнуваат. Нивните соништа не се поврзани со снискоста на лажните ликови од политичкото небо. Богата држава бре! На толку крадење, силување, џапање и пак на 10-ти плати!? Само се чудам до кога? 5 милијарди за три години, 7-за пет, и абер се нема од отчет!? Каде се парите!? На мегдан гледаме само пупка од судство, здравство на шкрги и наскоро на апарати, и земјоделие на марихуана, ама онака напафкано си мисли кутрото, дека е земјоделие на пченка, ориз и пченица… забегано доста! Заглавена Матрица на недефинирани индивидуи, неизградени, ниту по теркот на национализмот ниту според прозападниот дух! За некоја година ќе ги имате првите генерации кои не веруваат во ништо… атеисти и без познавања на прагмата, ирационални до бесвест, задоени од Шарената анархија а оставени како сирачиња на пола пат ќе тежнееат кон нов идеал! Има ли крај оваа агонија во која живее македонскиот граѓанин? Без записници се тераат процеси, се елиминираат опоненти по договор надвор од секаква рамка… Едноставно Законот на Посилниот!? Право? Што беше тоа? Секој новинар кој ќе се окуражи да изнесе факти и голи вистини се распнува од власта и се држи на кратки узди преку уцени и под постојан политички прогон, јавно плукан и оценуван… А Народот не е ниту Судија, нити Инспектор, ниту пак има некакво право на глас во оваа територија. Во оваа наша небиднина(од нас) никогаш порано не постоела ваква правна несигурност.Капиталистички замислен, а измислен комунизам и ,,Плавата крв” не излегоа од мода и после 30 години. Анахроната копија на совршената комунистичка девиза и ден – денес е во мода. Лозарите со природните нагони никако да ја заразат лозата на контрибуторите на македонската смрт со нови идеи и ентузијазам. Овие вториве, престолонаследниците на нивната извртена свест и лажен опинок сјај се вечно венчани за државни функции, за раководни места и позиции, презиме доктор, презиме пратеник, тие се советници, инспектори, професори… тие се ,,движечка” сила на Почетокот на Крајот на една златна држава. Всушност и која држава? Намалете тоа, белото ,,другари”, а вие ,,браќа”, бидете браќа или одете во три… Првите го поздравува Тито со еден стартен пропелер во гроб, а вториве Гоце Делчев кој можеби кога станал се расплакал на бугарски од толку фарбање и плукање по гробот… а нели Гоце не плаче? Патриоти само во Вашите глави, и комунисти само на Титовка да ви се плукнам во воздухот кој го дишете! Џабе го дишете… Загадена ви е Мислата, канцерогена ви е посоката… Маме и е…. на Македонија! Всушност, неа ја уништија самопронајдени гниди и самозамислени (а)патриди, само единки на една силувана Мајка.