Проданоски најави нова детска градинка за 200 дечиња во Прилеп

Сподели на:

Проблемот со недостиг на слободни места за децата во градинките во Прилеп конечно ќе биде надминат. Проданоски ги најави проектот за нова детска градинка која ќе има капацитет да згрижи 200 дечиња.

Оваа градинка нема да биде само објект. Таа ќе биде порака дека ќе продолжиме да го градиме Прилеп со визија и со одговорност кон идните генерации!На површина од над 2.000 квадратни метри и со капацитет за 200 деца, ќе изградиме модерен, енергетски ефикасен и целосно пристапен објект, со безбедна и топла средина за игра, учење и растење. Изјави Дејан Проданоски кандидат за градоначалник на Општина Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави