Проданоски: Инфраструктурата, безбедноста и културата се трите клучни области во треба да се работи во Прилеп
Инфраструктурата, безбедноста и културата се трите клучни области во треба да се работи, истакна Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Сметам дека тие се три клучни областина кои што имаме можности. Има добра инфраструктура која што е оставена на забот на времето и треба да се стави во функција во сите три области. Особено важно е Прилеп, конечно, да се тргне од црните листи, односно негативната кампања за сè. Прилеп е на сите портали по некои црни хроники, но треба да направиме промена и навистина имаме можност тоа да го направиме“, вели Проданоски кој забележа дека Прилеп нема локална телевизија за што рече дека „можеби тоа е едно од прашањата што треба приоритетно да се решава во градот“ и додаде дека „се наоѓаме во едно медиумско мртвило.
Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп.