Конституирање на новиот состав на Советот на Општина Прилеп
Во Општина Прилеп денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на општината, на која беше верификуван мандатот на 27 советници и тоа: 17 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 6 од СДСМ и коалицијата, 3 од Левица и 1 од ЗНАМ.На седницата за претседател на Советот беше избрана д-р Билјана Кржеска од владеачкото мнозинство која што напомена дека ќе практикува одговорно извршување на функцијата, во дух на законитост, транспарентност и конструктивна соработка со сите членови на Советот и институциите.
Во своето обраќање, градоначалникот Проданоски истакна дека претстои период на интензивна работа и посветеност кон интересите на граѓаните:„Со конституирањето на Советот започнува нов циклус на заедничка работа.Изборниот процес е зад нас, време е да се фокусираме на задачите, на подобрувањето на локалните услуги и на создавање функционална и современа средина за сите граѓани.Верувам во партнерска и конструктивна соработка меѓу Советот и локалната самоуправа, со единствена цел, развој на нашиот град и подобар живот за секој прилепчанец.“
Општина Прилеп останува посветена на отчетност, професионалност и отворена комуникација со јавноста. Заедно со Советот и локалната заедница, ќе продолжи да работи на унапредување на локалното управување и градење позитивни и одржливи решенија за градот.




