Кинезите направија копија од сите луксузни автомобили (фото)
Во Кина можете да пронајдете бројни копии од легендарните модели на западните марки, а често ги гледаме и во облик на евтини возила.
Меѓу нив постои една марка која одлучила да направи исчекор и да ги ископира дизајните на повеќето модели од Западот. Веќе на почетокот за име на компанијата го избрале „Мецидес“, што звучи многу слично на славната марка од Штутгарт. Дури и интернет пребарувачите ќе ве прашаат „Did you mean Mercedes“, кога ќе се обидувате да го напишете името на кинеската марка.
А тие во својот асортиман имаат и минијатурни реплики на бројни модели. Притоа не бирале само еден сегмент, туку копирале се, од суперлуксузни автомобили, преку SUV возила до класични компактни модели.
Основата е секогаш иста, а вклучува мал електромотор од 10 kW и 72-волтна мрежа. Поставени се 13-инчни челични тркала, а тежат околу 700 килограми. Овие луксузни копии вклучуваат и сè уште непостоечки „Bugatti SUV“, „Aston Martin DBX“, како и „Porsche Cayenne“ и „Macan“. Се копирало и „911“, а во понудата има и реплика на „Maserati Grecale“.