Колумна на Стефо Јанкулоски – Кога немаш свои проекти ќе мора неосновано да критикуваш други

Сподели на:

Господинот Шилегов да беше активен во својот четиригодишен мандат колку што е активен со неосновани критки на социјалните мрежи последните неколку недели, можеби ќе беше добар градоначалник.

Кога немаш свои проекти ќе мораш да коментираш за други.
Да се потсетиме дека Петре е градоначалник кој ја продаде Градската куќа под пазарната цена, не направи нов луна парк, не ги направи тунелите под Кале, не го направи зиплајнот кој требаше да го поврзе Калето со Градски парк, не го ревитализира Езерото Треска, набави скала во вредност од 1.700.000 евра, а истата скала Загреб ја набави за дупло пониска цена, потроши 75.000 евра за нова веб-страна на Град Скопје која никогаш не профункционира како што треба и парите потрошени за старо виски и бифтек пржен на путер.

Единствено нешто што беше забележано од граѓаните во четиригодишното владеење на Петре е проектот кога кафаните низ Скопје даваа ваучери за такси за пијани гости.
Со ваквото нерационално трошење на пари, Петре ја загуби одлуката на домаќин и правото да критикува било кого за било што.

Петре денес докажа уште еднаш дека продолжува да го манипулира народот, ама баба лаже трап не лаже.

п.с Петре проверувај пред да се бламираш.

Сподели на:

Слични Објави