ЈКП Комуналец од рани зори го светна градот, Прилеп спремен за втора вечер Пиво Фест

Сподели на:

Прилеп од рани зори чист и уреден по стартот на фестивалот на пивото. По огромната посетеност на првата фестивалска вечер од нашите сограѓани, околните населени места и градови и голем број други посетители од државава и странство, комуналните работници во раните утрински часови се справија со купишта отпад и сета нечистотија која се остава по вакви големи манифестации. Градот е чист, уреден и подготвен да ги прими посетителите на втората фестивалска вечер. И покрај големите опструкции кои ги доживеа Пиво фестот од разни лоби групи, народот на првата фестивалска вечер покажа дека на Прилеп, прилепчани, и љубителите на пивото, скарата и актери од различни музички жанрови им е потребен фестивалот на пивото. А за сета нечистотија која се создава на вечерните забави се грижи ЈКП Комуналец, и со добра екипираност и искуство го доведува градот како и ништо да не се случило изминатата вечер. Прилепчани се разбудија во чист, освежен и уреден град.

Сподели на:

Слични Објави