ООУ ,,Климент Охридски” блесна пред почетокот на учебната година

Сподели на:

Новата учебна година општина Прилеп ја дочекува максимално подготвено, во нови училници, реконструирани кабинети, хортикултурно уредени дворови. При посетата Градоначалникот Јовческо истакна: Денеска го посетивме ООУ ,,Климент Охридски” и навистина можам да потврдам дека инвестициите во образованието значат инвестиција за подобар раст и развој на нашите најмили. Имаме комплетно нови паркови, прекрасно хортикултурно уредени и на предната и задната страна на влезовите во училиштето. Нов парк позади спортската сала. Нова ограда на предната страна од училиштето, нов кабинет по информатика, хемија и биологија и нови смарт телевизори. Исто така извршена е промена на електричната инсталација на првиот кат и адаптиран е простор во подземјето со што имаме ефективна пренамена на неискористен простор во нови потребни кабинети за учење, за техничкиот персонал како и нова спортска сала за првачињата. Морам да потенцирам дека заедно со директорите на училиштата кои што ја имаат мојата максиамлна поддршка, ќе продолжиме да работиме во оваа насока и ќе инвестираме буквално во секое училиште, во секоја населба во нашиот град и во секое населено место.

Сподели на:

Слични Објави