|

Засадени 2000 садници на иницијатива на ученичката Миа

Сподели на:

Учениците на ООУ Кочо Рацин Прилеп заедно со раководството на училиштето, а по иницијатива на ученичката Миа Шејкероска организираја акција за пошумување на пределот околу с.Селце каде беа засадени 2000 садници габер и багрем.

Миа изјави дека е среќна што и се исполнила желбата за пошумување за да имаме поздрава животна средина.

Како што изјави Робертино Илиоски од ООУ Кочо Рацин, целта е да се подигне свеста кај населението, да се зголеми зелената површина и испрати апел до сите институции во градот оваа акција на 21 Март да прерасне во традиција.

Сподели на:

Слични Објави