Крстот на Марковите кули оштетен, од Општина Прилеп со соопштение
Во пресрет на Велигденските празници крстот на Марковите кули кој треба да свети за празниците не е во функција, непознат човечки фактор го оштетил напојувањето за светлото на крстот. Од Општина Прилеп изјавија дека работат на отстранување на дефектот и ставање во функција светлото на крстот.
Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека надлежните екипи на Општина Прилеп се на терен и се работи на отстранување на дефектот со осветлувањето на крстот на Маркови кули. Сеуште не се знае дали причината е технички проблем или можеби човечки фактор.
Било која намерна вмешаност во овој случај е за огромна осуда
Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на решавање на овој проблем и во текот на претстојните празнични денови.