Протест за СЛОБОДА на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ на 27.04.22 во Прилеп
Навршуваат 5 години од настаните од 27 Април 2017, поради кои во затвор завршија уставобранителите односно Јане Ченто, Горан Ангелов, Игор Југ, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Оливер Радулов, Никола Митревски-Кољо и другите. Па со таа цел оваа година на 27ми Април Среда во 12 часот пред затворот ви Прилеп се организира протест од стрaна на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Гоце Делчев, од институтот ги повикуваат сите кои сметаат дека неправедно се осудени горе наведените и се во можност да дојдат да им изразат поддршка. Пред околу една година беше организиран протест во Скопје кој беше многу масовен, можи да се навратиме со фотографиите на протестите до сега за поддршка на уставобранителите кои се осудени за настаните од 27ми Април.