Мицкоски: СДСМ прави дефокус од ценовните шокови со монтирани процеси но нема да ги спаси од народниот суд
Сведоци сме на драматично тешки времиња за граѓаните и за Македонија. Најголемата закана по сигурноста и секојдневието на семејствата е токму растечката инфлација, ценовните шокови кои се случуваат на дневно ниво. Бензините кои пораснаа за двојно повеќе, струјата која повторно и одново ќе ја покачуваат. Растечките цени на сите производи по маркетите. Паричниците на семејствата…