На 18-ти јуни заедно со граѓаните ќе испратиме јасна порака владеењето на СДСМ и ДУИ заврши изјави Николоски
Мислам дека периодот на убедување заврши, ние имавме месеци во кои што се обидувавме низ политички дијалог да ја убедиме власта да одиме на предвремени парламентарни избори, а сега сме доведени во ситуација да мора да ја притиснеме власта на СДСМ и ДУИ да одиме на предвремени парламентарни избори. И затоа ја правиме активната блокада…