Градоначалникот на Општина Демир Хисар потпиша договор за кофинансирање на проекти во рамките на програмата ЕУ за општините и прекугранична соработка
На пригодна свеченост, денес, Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски потпиша договор за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“. Меѓу градоначалниците имаше и од повеќето Пелагониски општини, меѓу кои и Градоначалникот на Општина Битола, Коњаноски.