120 учесници за Водици ќе скокнат во водите на базенот на „Салида“
120 учесници за Водици ќе скокнат во водите на базенот кај хотелот „Салида“! По повод празникот Богојавление – Водици, во петок 19 јануари во 12:00 часот, 120 прилепчани ќе скокнат во базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до крстот.Во соработка со Прилепското архиерејско намесништво оваа година се враќа масовноста на овој свет чин, а освен во Прилеп, Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во уште 15 други населени места на територијата на општина Прилеп. Сите пријавени учесници се замолуваат со себе да носат документ за лична идентификација и да бидат пристигнати во базенот Салида во 11:00 часот.