3ти Ноември, празник на Прилеп
Делегација на ОК ВМРО-ДПМНЕ по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, положи свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Могилата на непобедените и споменикот кај месноста Песјобрдце.
Денес на овој голем ден за Прилеп и прилепчани, се поклонуваме пред саможртвата и храброста на стотици и стотици македонски партизани, кои во последните денови воделе жестоки битки против германскиоти против бугарскиот нацистички окупатор за вечниот идеал, слободна и независна Македонија.
Слободата за Прилеп е платена со крвта на стотици наши сограѓани кои ни оставија пример и аманет за тоа како да ја сакаме нашата татковина.
Воедно беше извршен увид во градежните активности во градинката во населба „Точила” која се наоѓа во завршна фаза, во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Нека е вечна слободата и вечна слава на паднатите борци!
Честит празник прилепчани! – напишаа во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.