Амбасадорката на Република Хрватска на средба во Општина Прилеп

Сподели на:

Денес се одржа протоколарна средба Градоначалникот заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп, со Амбасадорката на Република Хрватска г-ѓа Нивес Тигањ и секретарот на амбасадата г-ѓа Ана Вучич се разговараше за локалното стопанство и економската ситуација во Општина Прилеп.

-Во името на Општина Прилеп изразивме огромна благодарност и искрена надеж дека нашата соработка во иднина ќе резултира со заеднички проекти за нашата општина.Континуирано остваруваме пријателски и билатерални односи со сите дипломатски претставништва во Република Македонија а целта е да се претстават природните богатства и убавини на Прилеп како и локалното стопанство и економската ситуација. Како Локална самоуправа преку овие средби работиме на можностите да се внесат дополнителни инвестиции во нашата општина и се разбира да се отворат нови работни места. – Се истакна на средбата.

Сподели на:

Слични Објави