Андоновски: Овие пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да потклекнат на притисоците на власта

Сподели на:

„Очекувам притисок да има околу уставните измени, но овој пратенички состав е многу покехерентен, многу покомпантен и луѓето во овој пратенички состав се стамени, цврсти и немаат багаж позади себе и затоа не очекувам ни милиметар потклекнување од ниту еден од нив“, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Андоновски рече дека уставни измени под бугарски диктат и под вакви услови нема да има. „Сега е време да се провериме на избори“, посочи Андоновски. „Ако се отвори последната анкета може да се увиди дека над 60% се против уставните измени под овие околности“, додаде Андоновски.

Сподели на:

Слични Објави