Братот на Цуфи Кока нов директор на МЕПСО
Пораншниот пратеник Сурија Рашиди, на функцијата беше само 6 месеци, е заменет како директор на АД МЕПСО со Зуди Енузи Кока.
Според изворите до смената на директорот кој доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците дошло поради превирања во партијата. Новиот директор, пак, претходно беше директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена, а во јавноста е попознат како брат на бизнисменот Јусуф Енузи познат како Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на ланските протести против францускиот предлог во Скопје, откако пукаше кон демонстрантите кои поминуваа пред неговиот хотел кај плоштадот Скендербег.