Дали на повидок е уште една местенка? Сугарески со јавна поддршка за Венко Филипче
Утрово на социјалните мрежи беше објавена фотографија на поранешните министри во владата на Заев, Горан Сугарески и Венко Филипче каде во објавата Сугарески му дава јавна поддршка на Венко Филипче за претседател на СДСМ. Па од тука запрашани дали и овој пат како и со Димитар Ковачевски ќе биди исфорсиран изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ? Еве ја и целосната објава на Сугарески.
Со целосна почит кон моите партиски другари и другарки кои се кандидираа за претседател на СДСМ, на внатрепартиските избори закажани за 30 јуни, мојот глас ќе го дадам за д-р Венко Филипче.