Демант на синдикалната организација ЈКП”Водовод и канализација” после обвинувањата од СДСМ Прилеп
Демант на синдикалната организација ЈКП”Водовод и канализација” после обвинувањата од СДСМ Прилеп
Штрајк нема!
Во целост ви го прикажуваме нивниот демант
Почитувани,
Синдикалната организација на Синдикатот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ја информира јавноста дека во целост го демантира вчерашниот прес на една политичка партија за штрајк на вработените.
Во овој момент во ЈКП нема најавено и не се одвива штрајк.
Имено, јавноста треба да биде информирана дека репрезентативниот синдикат на нашето претпријатие, член на СУТКОЗ, во кое членуваат над 95% од вработените е сериозна организација која ги почитува законите и работи според нив.
Во овој момент се одвива интензивна комуникација и социјален дијалог помеѓу Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, Управниот Одбор при истото и Синдикалната организација при ЈКП „ Водовод и канализација “ Прилеп, член на СУТКОЗ, за усогласување на платите со законот за минимална плата.
Според Законот за работни односи член 236, во делот за права и обврски за време на штрајк, точно пишува како се поведува, како се најавува, како започнува и како се спроведува, поточно како се организира штрајк. Социјалниот дијалог и понатаму ќе се одвива и сме убедени дека ќе успееме во нашите барања. Синдикатот и неговите здруженија остануваат на страна на работниците и одбрана на нивните права и ќе презема дејствија согласно Уставот, Законите и Колективните договори.
Со почит,
Синдикална организација
на Синдикат на ЈКП „Водовод