Демолирани детските реквизити во паркот, прилепчани баарат одговорност од несовесните граѓани
Привитивизам и дивјаштво извршено е ноќеска врз детските реквизити во паркот на Рид. За да се откорне лизгалка од лежиштето потребна е голема сила. Откорнати и искршени се и мостовите пред лизгалките. Украдени се и две железни порти, на третата е извиткана арматурната мрежа. Случајот е пријавен до надлежните органи. Напишаа службите на ЈКП Комуналец Прилеп на социјалните мрежи.