Денот на пожарникарите

Сподели на:

Честит 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија. На овој датум во 1836 година бил формиран првиот противпожарен одред во Македонија. Во ТППЕ-Прилеп, денес градоначалникот Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски присуствуваа на пригодната програма, каде што ги проследија тактичко-показните вежби на нашите пожарникари, видовме дел од изложената нова противпожарна опрема, а исто така со командирот Кристијан Момироски за прв пат им доделија и службени легитимации на сите пожарникари. Почитувани пожарникари извршувајќи ја својата професија многу често го ставате во ризик и вашиот живот, со цел да спасите друг живот или да спасите нечиј дом на нашите сограѓани. Вашата професија е една од најблагородните и претставува симбол за солидарност и хуманост пред се. Со самото тоа вие сте тимот кој што има огромно значење за нашата општина и за безбедноста на нашите сограѓани.

Сподели на:

Слични Објави