Две лица, превезувале бесправно исечени огревни дрва

Сподели на:

Полициски службеници вчера кај Македонски Брод на местото наречено „Барбарас“ ги привеле Е.И.(32) и еден малолетник, двајцата од прилепското село Дебреште.

При извршена контрола, во патничко возило „голф“ во кое се превезувале, им биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила, соопштуваат од МВР. По целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

Сподели на:

Слични Објави