Енергртските го хранат карциномот, покажа новата студија

Сподели на:

Малку позната состојка во енергетските пијалоци се најде во центарот на вниманието оваа недела, откако научниците рекоа дека тоа делумно може да го објасни порастот на случаите на рак на дебелото црево кај младите луѓе, пренесува Дејли Мејл.

Тауринот е амино киселина која се користи во пијалоците како Ред Бул за да ги енергизира клетките и да ја подобри менталната јасност, пренесува Јутарњи.

Но, научниците од Флорида претпоставуваат дека оваа состојка може да храни и штетни бактерии кои се премногу застапени во цревата на луѓето со колоректален карцином.

ТАУРИН И ВО КАФЕТО Сè уште е само теорија заснована на прелиминарни студии на животни, па експертите велат дека сè уште нема причина за паника. Но, тауринот го има и во кафињата Monster, Celsius и во некои Starbucks пијалоци од кафе .

Студијата покажала дека секој трет возрасен на возраст од 18 до 29 години редовно консумира енергетски пијалоци. Пазарот на енергетски пијалоци во САД се проценува на околу 23 милијарди долари, што главно е поттикнато од продажбата на Red Bull, Monster и Celsius.

Потенцијалниот проблем со тауринот главно се однесува на тоа колку едно лице консумира: тој се смета за безбеден во мали количини. Сепак, се покажа дека високите нивоа предизвикуваат повраќање, стомачни тегоби, вртоглавица, замор, дијареа и запек. Истражувачите од Универзитетот во Флорида започнуваат експеримент наречен Розана за да ја тестираат нивната хипотеза за штетноста на тауринот.

Тимот научници рече дека веруваат дека тауринот е примарен извор на енергија за бактериите кои промовираат рак на дебелото црево. Истражувачите очекуваат зголемување од 20 до 30 проценти на овие бактерии кај луѓето кои секојдневно пијат енергетски пијалоци Red Bull, Monster или Celsius.

Сподели на:

Слични Објави