Фатени на дело како вршат кражба во Св. Петка

Сподели на:

Лишени од слобода двајца прилепчани, фатени при кражба од цркваНа 18.07.2025 во 04.35 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба. Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели на:

Слични Објави