Градоначалникот изврши увид на асфалтирањето на улиците во Прилеп
Градоначалникот Јовчески изврши увид на асфалтирањето на нрколку улици и притоа изјави:
Проектот за асфалтирање на улици и подобрување на патната инфраструктура во нашиот град е во полн ек и успешно се одвива! Во текот на последните месеци, нашата Општина, интензивно работеше на проектот за рехабилитација на улици на кои што не беше интервенирано во последните 50 години. Нашите градежни активности резултираат со нови асфалтирани улици, односно од почетокот на проектот имаме над 12 километри нов асфалт на улици во градот кои што биле заборавени и верувам дека почитувани сограѓани дека ова за вас претставува значително подобрување на условите на одвивање на сообрајќајот и животот во нашата општина. Оваа инвестиција во инфраструктурата е само дел од нашата посветеност за подобрување на животната средина. Им благодарам на сите граѓани за разбирањето и поддршката во време на реализацијата на нашите проекти. Во наредниот период ќе продолжиме со инвестиции во инфраструктурата и развојот на градот!