Ифтарска вечера по повод месецот Рамазан
Ифтарска вечера со сограѓаните и пријатели од исламска вероисповед. Празнувајќи го сеуште големиот христијански празник Велигден и во време кога припадниците од исламска вероисповед го слават месецот Рамазан, со оваа заедничка вечера дефинитивно испраќаме порака дека празниците, нашата вековна традиција и обичаите се тоа што мора да не обединува, за и понатаму да градиме заедничка иднина. Заедно да чекориме кон успех и просперитет тука каде што е нашето огниште, во Република Македонија! На сите припадници на исламската вероисповед им посакувам празникот да го дочекаат во мир, хармонија и добро здравје заедно со своите најблиски изјави Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески кој беше заедно со Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски и пратеникот Петар Ристески на ифтарската вечера.