Исчистена Градската река од купишта ѓубре и отпадна пластика
На потегот од мостот кај населбата Димо Наредникот, до малото мовче кај ОУ ,, Кочо Рацин” е исчистена Градската река од купишта ѓубре и отпадна пластика. Утре комуналните работници продолжуваат со работа на останатите делови. Градската река беше преплавена со отпад по силното невреме од Дабнички канал. И покрај тоа што овој канал редовно се чисти од страна на ,, Комуналец”, не престанува навиката на одредени граѓани за исфрлање на големи количини на отпад во каналот. Инаку каналот со механизација беше исчистен во ноември 2022 и март 2023 година.