Извештајот за Македонија изгласан без „МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ“
Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија, а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети формулациите кои директно се однесуваат на „македонскиот јазик и идентитет“.Европскиот парламент скандалозно со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.
Извештајот го опфаќа напредокот на Македонија во клучните области за евроинтеграција, како и препораки за понатамошни реформи, но отстранувањето на овие термини се толкува како одраз на компромисите во европскиот политички дијалог и „на ти го -дај ми го“ со бугарските и грчките пратеници.