|

Јовчески: Во ООУ Кочо Рацин инвестиравме 2 000 000 денари

Сподели на:

Денес градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески беше во посета на ООУ Кочо Рацин, каде и изјави:

Кога инвестираме во образованието, ние инвестираме во иднината на нашите деца.Во општинското основно училиште Кочо Рацин – Прилеп во изминатиот период инвестиравме над 2 000 000 денари и тоа за: Реконструкција на одводната мрежа на една вертикала од санитарните јазли на централното училиште. Тоа вклучува промена на санитарии, подни плочки, промена на одводна мрежа, реконструкција на електрична мрежа и промена на плафони на приземје и прв спрат.

Естетско уредување на ходниците од училиштето, оградниот ѕид и спортската сала .

Набавка на школски и канцелариски мебел, а исто така обезбедена е информатичка и видео опрема која што се состои од смарт табли, монитори и друга ИТ опрема.

Продолжуваме да ги подобруваме условите во сите образовни институции со цел да им овозможиме непречен развој на сите чинители на воспитно образовниот процес.

Сподели на:

Слични Објави