Кога си тажен, сети се на несреќната новогодишна елка во центарот на Скопје

Сподели на:

Скопската новогодиша елка е мета за подбивање шега. Во новогодишните приказни ја сместија и медиумите во соседството. Тие пренесуваат коментари од граѓаните на Скопје кои се објавуваат по социјалните мрежи дека не се задоволни со елката поставена на плоштадот „Македонија“.

Новогодишната елка во Скопје им послужува како репер на медиумите во текстовите за да ги утешат нивните граѓани дека има и полошо издание од китењето во нивните градови!Скопската елка стана позната токму поради тоа што изгледа грдо и недовршено. Впечаток е дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, пишува српска Нова.

„Б92“ пишува дека „Туристите од целиот свет се исмеваат на новогодишната елка во Скопје: Ужасна, ружна на прв поглед“.

Српски Телеграф пишува дека „Регионот удри по новогодишната елка во Скопје: Ваква нема ниту на Алиекспрес, туристите трчаат да се сликаат“.

Инаку град Скопје минатата недела извести преку соопштение дека градот ќе биде украсен за сума од 30.000 евра.Сепак, Арсовска не кажува кој го украсува Скопје. На страната на Бирото за јавни набавки нема договор за новогодишното укасување. Од друга страна, ако елката е донација не е познато кој е донатрот.

Сподели на:

Слични Објави