Конечно решен проблемот со храната за пациентите во прилепската болница

Сподели на:

Во насока на подобрување на условите за исхрана и обезбедување поквалитетна грижа за пациентите и персоналот, кујната во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп е затворена.

Од денес, оброците се обезбедуваат преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“, со што се овозможува:

Подобар квалитет и свежина на храната Поголема разновидност на оброци

Подобра усогласеност со нутритивните и диететски потреби на пациентите

Оваа промена е дел од континуираните напори за модернизација на болницата и унапредување на стандардите на здравствена заштита.

Дополнително, направената промена е и финансиски поисплатлива, со што се овозможува подобро управување со буџетот и насочување на средства кон други приоритетни здравствени потреби.

Истовремено, се воведоа дефинирани протоколи за поделба на храната, со цел да се обезбеди еднаков пристап и да се зголеми безбедноста и квалитетот на оброците за сите пациенти и вработени.

Раководството останува посветено на унапредување на условите во болницата и обезбедување грижа на највисоко ниво. – Изјавија од раководството на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави