Ковачевски е подготвен да поднесе оставка, изјави денес
Ниту еден човек не се родил за да биде премиер, тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш со нив. И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ. Јас јавно кажав дека денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори, кажа премиерот Димитар Ковачевски.