ЛГБТ заедницата излегоа на „Скопје прајд“, добија поддршка од министрите Маричиќ и Тренчевка

Сподели на:

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија вечерва го започна овогодишното издание на „Скопје прајд“. Неколку илјади луѓе околу 17 часот се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во Скопје за третата по ред скопска парада на гордоста, која почна во 19 часот.Присутни се и јавни личности, претставници на невладиниот сектор, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.Главни пораки од учесниците, е да се прифатат и толерираат различностите, да ги има ЛГБТ заедницата истите права како и другите граѓани, да не им се суди, да бидат безбедни. Сметаат дека нашето општество се движи кон прифаќање, но има уште многу работа.На стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.„Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачуваат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Сподели на:

Слични Објави