Лицата болни од цистична фиброза нема да плаќаат патарини: ВМРО-ДПМНЕ издејствува победа во име на пациентите
Денес на Комисијата за транспорт и врски на предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ помина предлог законот за ослободување од плаќање патарини за лицата болни од цистична фиброза.
„Ова беше на барање на Асоцијацијата за цистична фиброза.Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме одлична соработка со Асоцијацијата за цистична фиброза, се надевам дека за брзо ќе успееме да се избориме и за главното нивно барање МОДУЛАРНА ТЕРАПИЈА за сите лица болни од цистична фиброза“! – истакна пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.